slika

Добре дојдовте

Адвокатското друштво Тортевски е едно од водечките адвокатски друштва во Република Македонија, со исклучителна репутација во земјата и во регионот.

Задачата на тимот составен од врвни адвокати и адвокатски приправници е да се обезбедат квалитетни правни совети и решенија за сите правни случаи.

Tortevski
slika

За нас

Адвокатското друштво ја продолжува традицијата на професионална посветеност на клиентите и како следбеник на адвокатската канцеларија Тортевски, основана во 1986 година од адвокатот Александар Тортевски, обезбедува највисоки стандарди во правното советување и застапување и во најсложени правни случаи.

Наш основен принцип на работа е проценка и претходна проверка на можноста за успех на клиентот во постапката и ангажман само во постапки каде што можностите за успех ги оценуваме како мошне сериозни. Во текот на овие 25 години, тоа се покажа како исправен модел на работа и резултираше со висок процент на ослободителни пресуди во многу кривични постапки како и пресуди во полза на нашите клиенти во постапките од областа на граѓанското право.

slika

Активности

Работиме на случаи од сите области на правото. Застапуваме клиенти во сите кривични постапки, парнични и стопански спорови како и во постапки пред управните органи.Имаме остварено драгоцено искуство и резултати во областа на кривичното право каде што работиме на случаи по обвиненија за тешки казнени дела и дела од областа на организираниот криминал.

Активни сме во: постапки за реализација на странски инвестиции, постапки за заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права, парнични постапки со странски елемент, застапување на off shore компании, остварување на материјални и нематеријални регресни побарувања, статусни промени кај домашни и странски правни лица, посредување во договори за деловна-техничка соработка помеѓу бизнис партнери.

slika

Клиенти

Наши клиенти се домашни и странски физички и правни лица, дипломатско-конзуларни претставништва, мултинационални компании, банки, осигурителни компании,здруженија.

Tortevski

Тел:    +389 2 3128428
Факс:  +389 2 3128428
E-mail: kanc.tortevski@gmail.com

Друштвото се наоѓа во строгиот центар на Скопје на
улица Македонија
број 25/1-6.